Грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ одново ќе се обиде да се пробие на македонскиот пазар. Првиот човек на компанијата, Артурос Зервос, најави дека планираат повторно да аплицираат на владин тендер во Македонија за изградба и одржување на хидроцентрали, индиректно најавувајќи нов обид за добивање на тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Обидот да се влезе на македонскиот пазар Зервос го посочи како еден од клучните приоритети на ДЕИ и дел од генералната стратегија за проширување на активностите на компанијата надвор од Грција. Во рамки на обидот за стратешкото проширување на ДЕИ надвор од Грција одблиску ги следиме случувањата во врска со проект во БЈРМ, кој се однесува на проектирање финансирање изградба, функционирање и одржување на две нови хидроцентрали, како и одржувањето на една веќе постоечка единица, истакна Зервос.
Грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ одново ќе се обиде да се пробие на македонскиот пазар.
Првиот човек на компанијата, Артурос Зервос, најави дека планираат повторно да аплицираат на владин тендер во Македонија за изградба и одржување на хидроцентрали, индиректно најавувајќи нов обид за добивање на тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Обидот да се влезе на македонскиот пазар Зервос го посочи како еден од клучните приоритети на ДЕИ и дел од генералната стратегија за проширување на активностите на компанијата надвор од Грција.
„Во рамки на обидот за стратешкото проширување на ДЕИ надвор од Грција одблиску ги следиме случувањата во врска со проект во БЈРМ, кој се однесува на проектирање финансирање изградба, функционирање и одржување на две нови хидроцентрали, како и одржувањето на една веќе постоечка единица“, истакна Зервос говорејќи за делата и идните проекти на компанијата на конференцијата „Инвестирање во енергија 2014“ во Атина. Зервос е убеден дека ДЕИ ќе биде еден од најсилните учесници на овој тендер во Македонија. „Со новото објавување на тендерот ДЕИ со нејзината предност поради богатото техничко познавање на проекти за хидроцентрали и одличното познавања на пазарот на енергија во југоисточна Европа, ќе биде еден од учесниците на тендерот со најголем кредибилитет“, посочи Зервос, со надеж дека овој пат ќе успеат да го добијат тендерот за двете хидроцентрали на Црна река за кои поднесуваат понуда на владините тендери од 2011 година.
Покрај обидот за влез на македонскиот пазар, ДЕИ отвара свои подружници и во други држави во регионот со цел освојување на нови пазари за електрична енергија. Зервос најави дека одлучиле да отворат подружници во Бугарија, каде ДЕИ ќе соработува со компанијата „Алпиљ“, како и во Турција, каде што компанијата ќе биде целосно во раце на ДЕИ. Првиот човек на компанијата посочи дека иако компанијата се соочува со отежнати услови за работа поради економската криза, сепак се обидуваат да завршат важни проекти и во Грција и да се прошират и во регионот.
За потсетување, ДЕИ уште од 2011година се обидува да го добие тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и “Галиште“. Тогаш идејата беше ДЕИ учествува на тендерот заедно со компанија „Демко“ на бизнисменот Димитрис Кондоминас. Предлогот беше „Демко“ да има удел од 65 отсто, а ДЕИ само 35 отсто. Меѓутоа, грчката државна компанија по долги размислувања го одби предлогот на Кондоминас и реши сама да настапи на владиниот тендер. Покрај ДЕИ интерес за изградба на двете електрани имаше и од кинеска компанија. Сепак, тендерот пропадна, а коментарите во Македонија беа дека понудата на Грците била во согласност со тендерската процедура, меѓутоа понудата за финансиско учество била ниска, околу 28 отсто, недоволна од неопходното за да биде партнер на ЕЛЕМ при изградбата на хидроцентралите. Сепак првиот неуспех се чини дека не ги разубедува ДЕИ, кои чекаат да биде отворен новиот владин тендер за повторно да поднесат понуда за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“.